Состојбата во велешка болница стабилна, хоспитализирани 31 ковид пациенти

Објавено на 21 декември, 2021 во 10:10

Трет ден во ЈЗУ Општа болница Велес бројот на хоспитализирани ковид пациенти е 31, од нив потврдени позитивни се 15 пациенти, пет пациенти се сомнителни и 11 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

-На Инфективно одделение се лекуваат 23 пациенти и на Интерно Б одделение осум ковид пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.

На кислородна поддршка се 20 пациенти.

Во изминатите 24 часа примени се двајца пациенти на болничко лекување и тројца пациенти се испишани како оздравени.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.