Совети за здрави бубрези добија граѓаните коишто се справуваат со дијабет но и граѓани заинтересирани за личното здравје во Велес (фото и видео)

Објавено на 14 март, 2025 во 17:41

Како функционираат бубрезите во човечкото тело, што произведуваат, колку се важни за севкупното здравје на луѓето и како дијабетот влијае на хроничната бубрежна болест им објаснуваше денеска д-р Маја Пренџова од Центар за дијализа „Нефроплус“ Велес на група велешани заинтересирани да се едуцираат за личното здравје. Во едукацијата беше посочено на што граѓаните со дијабетес особено треба да обрнат внимание за да не ги доведат во ризик или да не предизвикаат оштетување и на бубрезите, да не ја намалат и нивната функција.

Д-р Пренџова разговараше поединечно со секој од присутните, одговараше на нивни прашања и им сподели директни препораки.

За оваа група на граѓани потребно е особено во иднина често да го мерат присуството на шеќер во крвта, да се менаџира три месечен шеќер, редовно да ја земаат антидијабетичната терапија, независно дали е таблетарна или инсулинска. Лекарката ги охрабри  да не се колебаат доколку е потребно да ги прегледа лекар специјалист интернист за испитување на креатенин, уреа, протеини во урина и ако се дијагностицира оштетување на бубрег да имаат можност за започнување на навремени третмани со што би се спречила фазата во која ќе биде неизбежна дијализата.

Присутните граѓани, исто така, измерија крвен притисок и шеќер во крвта.

Едукацијата ја реализираа Здружението на лица со дијабетес „Лилипоп“ и Центарот за дијализа Нефроплус Велес по повод Светски ден на бубрегот.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.