Советникот Јаневски нов претседател на Советот на Општина Велес, досегашниот Љутков предложен за нов министер за култура

Објавено на 19 јуни, 2024 во 13:20

Досегашниот советник Даниел Јаневски е именуван на денешната седница на Совет на Општина Велес за нов Претседател. Јаневски е советник на советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Даниел Јаневски има 41 година и е дипломиран економист на Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ , на насока Надворешна трговија. Тој е оженет и е татко на две деца.

Со именувањето на Јаневски, завршува мандатот на функцијата на досегашниот претседател Зоран Љутков, кој актерската професија и досегашната на претседател на Советот, ќе ја замени со функционерска. Поточно министерска, откако мандатарот Христија Мицковски го предложи за Министер за култура во составот на новата Влада.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.