Спречен голем пожар во село Отовица

Објавено на 1 август, 2023 во 09:33

Ниска вегетација, трња и грмушки, вчера, во период од 16:35 до 19:30 часот гореле во село Отовица, Општина Велес, информираат од Републичкиот центар за управување со кризи. Со интервенција на четири возила и 13 пожарникари пожарот бил спречен, поточно бил целосно ликвидиран и не се проширил кон боровата шума на автопатот Велес – Скопје.

Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, им се заблагодари на пожарникарите на Велес за нивната навремена и брза реакција, посветена работа и професионална одговорност.

Од ЦУК додаваат дека во последното деноноќие пожари на отворен простор имало вкупно 20, од коишто 19 биле пожари на отворен простор на ниска вегетација и еден пожар на шума во Неготинско, на 50 метри од стариот пожар. Во моментот, утрово, нема пријава за активен пожар.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.