Средношколките од Кавадарци имаат пристап до бесплатни менструални влошки во училиштата 

Објавено на 29 мај, 2025 во 13:02

Средношколките во Кавадарци имаат бесплатен пристап до менструални влошки во своите училишта. Општина Кавадарци, преку Комисијата за еднакви можности, ја реализираше иницијативата за обезбедување менструални производи, поставувајќи четири диспанзери во трите средни училишта во градот – СОУ „Добри Даскалов“, ЗШУЦ „Ѓорче Петров“ и СОУ „Ќиро Спанџов-Брко“.

Со воведувањето на бесплатни менструални производи, се очекува да се олесни пристапот до основна хигиенска заштита за ученичките, да се намали стресот и неудобноста поврзани со менструацијата, како и да се придонесе кон поголема рамноправност во образованието и општеството.

Иницијативата беше официјално промовирана вчера, на Светскиот ден на менструалното здравје, што ѝ дава дополнителна симболика и значење на оваа мерка.

Проектот е поддржан со финансиска донација од Винарија Тиквеш, во рамки на Фестивалот на младо вино, а дополнителна логистичка и програмска поддршка е обезбедена од Бела фарм аптеки, Здружението за менструална правда и UN Women Скопје.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.