Судијката Билјана Јачева именувана за в.д претседателка на Основен суд Велес и на кавадаречкиот суд Елизабета Петковска

Објавено на 28 декември, 2023 во 15:40
Фото: судијка Билјана Јачева

Судскиот совет на Македонија на денешната седница за в.д претседателка на Основен суд Велес ја именува судијката Билјана Јачева.

Судијката Јачева во Основен суд Велес започнува да волонтира од 1991година и една година подоцна е примена на работа како стручен соработник. За судија во велешки суд е избрана во 2004 година. Во 31 годишната судијска кариера Јачева има работено на предмети во граѓанско одделение, стопански и предмети за стечај.

На позицијата в.д претседателка на Основен суд Велес доаѓа по пензионирањето на претседателката Лидија Димова. Функцијата ќе ја обавува се до именување на претседател, во постапка во која се распишува конкурс и по пристигнати пријави одлучува Судскиот совет на Македонија.

Исто така, на денешната седница Судски совет на Македонија за в.д  претседателка на Основен суд Кавадарци ја именува Елизабета Петковска, судијка од граѓанска област.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.