Свечена академија по повод јубилејот „80 години слободен Велес“ (видео и фото)
Во големата сала на велешки Театар, вчера вечер, се одржа Свечената академија на јубилејниот роденден на градот Велес. Во присуство на бројни гости, годинешното одбележување на јубилејот „80 години слободен Велес“ започна со изведбата на државната и химната на градот Велес од страна на Камерниот црковен хор „Свети Великомаченик Пантелејмон“ под диригентство на проф. Славица Ставрева.
Градоначалникот на Велес, Марко Колев во свеченото обраќање ги издвои реализираните проекти во изминатата година со коишто општината и Советот придонесуваат во неговиот комунален, инфраструктурен, спортски и културен развој.
Годинешен добитник на највисоката општинска награда, за животно дело „Гемиџии“ е Прф. Др Јордан Нојков велешанец чија што професионална кариера започна во родниот град додека на наградата за Најдобар студент „Ѓорги Шоптрајанов“ студентката на Факултет за Медицински науки на УКИМ, Тамара Коцева.
Пред Градоначалникот Колев да им ги врачи наградите, присутните на свечената академија, ги слушнаа образложенијата зошто Комисијата за општествени дејности на Совет на Општина Велес годинава Коцева и Проф. др Нојков се добитници на овие престижни награди.
лауреатот Проф.др Јордан Нојков ја имаше честа да се заблагодари во име на сите добитници на годинешните општински награди.
Наградата Спомен плакета на Општина Велес им беше врачена на директорот на Државен завод за ревизија – Максим Ацевски и на граѓанската организација ИО „Димитар Влахов“- Велес.
Деветоноемвриска благодарница им беше врачена на учесниците на XXIV „Вардарска регата Гемиџии 2024“ поточно на Ангелче Гушев, Владимир Ивановски, Трајче Перков, Теодор Ѓоргиев, Владимир Стојановски, Иван Гушев, Зоран Кимов, Александар Алексов, Александар Вренцовски, Горан Богоевски, Горан Здравковски, Даниел Јаневски, Миланчо Митревски, Стивен Бошевски, Александар Златаров, Виктор Миланов, Сашо Темелковски, Томе Шескокалов, Никола Аксентијев, Зоран Пановски, Предраг Игевски и Тони Јошевски. Потоа на м-р Десанка Николова, Д-р Теодора Тодорова, четиричлена планинарска експедиција во состав Зоран Јаневски, Никола Ангелов, Марјан Малинов и Николче Василев, на организаторите на ултрамаратон „Велес- Лопушник“ поточно на Верољуб Додевски, Зоран Димов, Трајче Михов, Томислав Спасевски, и Љубиша Андриевиќ, на Здружение на граѓани за доброволна работа „Велешки акцијаши“ Велес и на Здружение на граѓани ,,ОК Борец ветерани” Велес.
Наградата Деветоноевриска пофалница им беше врачена на Јадранка Мајсторова, Елица Николова, Горан Алексов, Неформална група „Клисура Пешти“ во состав Слободан Ѓорѓиев, Борче Јовчевски и Сашко Ѓорѓиев како и Здружение за безбедност на вода и планина „Македонски спасител“ Велес.
Во чест на наградените, чии број годинава беше огромен, беше изведен концерт „Кондензиран воздив по тебе“ чиј автор е Темелко Андреевски и на кои настапија голем број на велешани, од хористи, играорци, музичари,пејачи и групи, кои изведоа девет преработки на познати композиции како и народни игри и познатото „Велешко рамно оро“.
Убавка Јаневска