Светиниколчанки дел од манифестацијата „Недела на традицијата, Св. Трифун 2016“

Објавено на 11 февруари, 2016 во 09:52

Шест светиниколчанки , членки на Организацијата на жени во неделата учествувале на манифестацијата „Недела на традицијата Св. Трифун 2016“. Настанот се одртжа во Винаријата Еленов во Демир Капија, во организација на Центарот за едукација и вмрежување во туризмот „Цене“ и општина Демир Капија.

Заедно со уште стотина учесници од 11 општини биле дел од натпреварот за најдобра традиционална трпеза. Со традиционални специјалитети од овчеполскиот крај се претставиле пред учесниците.

Специјалитетите од разните краеви на земјава ги оценувале реномирани готвачи како што се Љупчо Гиевски, Никола Мишковски и Марк Де Јонг.

Трпезата „Селска маса“ од Демир Капија ја доби првата награда, втората отиде во рацете на Дедо Кољо Добровски од Новаци за неговата „Софра“ и третата награда ја доби трпезата „Благовец “ од Демир Капија./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.