Ланската добивка на БИМ – Свети Николе изнесува 31.2 милиони денари
БИМ Свети Николе АД, лани, во периодот Јануари – Декември оствари позитивен финансиски резултат од вкупно 31.211.000 денари.
„Искажаната добивка е резултат на зголемената побарувачка и реализација на производите на БИМ поточно на зголемените приходи и намаленото учество на трошоците во вкупните приходи.
Во неревидираниот Биланс на успех, остварените приходи од продажба изнесуваат 307.002.000 денари и тие се за 25% поголеми во споредба со приходи од продажба остварени во 2014 година кога изнесуваа 245.186.000 денари. По структура на застапеност приходите од домашен пазар учествуваат со 40%, додека од странскиот пазар со 60%“, информираат од компанијата.
Во истиот период расходите на компанијата изнесуваат 263.679.000 денари и се поголеми за 15% во однос на истите од 2014 година кога изнесуваа 229.711.000 денари, меѓутоа учеството на расходите во приходите е намалено во однос на 2014 година, информираат од компанијата.
Најголемо учество во вкупните расходи имаат трошоците за суровини и други материјали и изнесуваат 205.293.000 денари./У.Ј