Нов факултет, за правни науки на десет годишнината на Меѓународниот Славјански Универзитет
Годинава со новите 500 бруцоши, запишани на шесте факултети во Свети Николе и Битола, на оваа приватна високообразовна институција ќе студираат вкупно 1.150 студенти. Тие се скоро една третина од вкупниот број на досега запишани млади луѓе на Меѓународниот Славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ кои студирајќи ги следеле економските трендови преку бројки, индекси и скали, ја совладувале психологијата преку научни ставови, заклучоци, предлози и мислења,на информатика користеле современи решенија и програми како и технологии при совладувањето на безбедно инжинерство.
Деветстотини дипломци од вклупно 3.000 студенти , кои во изминативе десет години стекнале или сеуште високо образование стекнуваат на Меѓународниот Славјански Универзитет се најголемата реклама на Универзитетот. Тие се поттик на менаџментот да вложува во професорскиот кадар, во современи услови за студирање, во соработка со стопанските субјекти и во следење на светските трендови на студирање, рече Ректорот проф. д-р Душко Николовски.
„Менаџментот потпирајки се на сопствените капацитети, логистика, примената на иновациите, вештините на знаење, интерактивната и практична работа, со постојано воспоставување на различни видови на соработка со повеќе домашни и странски институцииго прави нашиот Универзитет современ, препознатлив и достоен за почит. За ова говорат создадениот квантум на материјални и нематеријални фактори или капитал, услови за стекнување на двојни дипломи како што се руските, мотивирачката уписна политика, системот на студирање, студиските програми, квалитетот на стекнато знаење, конкурентната способност и развојната кариера на студентите,“ рече проф. д-р Николовски.
Студентите ги поздрави и преставник на Амбасадата на Русија во Македонија
„Вие ќе отворите некои нови граници и се надевам дека времето на студирањето ќе биде најубавиот и најсреќен дел од Вашиот живот. Ќе студирате на еден од најдобрите Универзитети во Македонија. Се надевам дека за време на студирањето ќе дознаете многу квалитетни информации а потоа ќе станете вистински професионалци во областите што сте ги избрале. Во тоа ќе ви помогнат вашите професори. Ви посакувам успех.“
Меѓународниот Славјански Универзитет на десет годишнината отвори нов факултет за правни науки „Михаил Лушин“ со студиски групи во Свети Николе и во Битола.
Деканите на факултетите за Информатика, д-р Сашо Манасов, за економија и организација на претприемаштво д-р Шекеринка Ивановска, за правни науки д-р Александар Илиевски и продеканката на факултетот за психологија Ѓоргина Кимова на студентите бруцоши им ги доделија индексите.
Професорите, менаџментот и студентите потоа заедно го прославија јубилејот на Меѓународниот Славјански универзитет со роденденска торта и забава што им ја приредија естрадните уметници Александар Белов и Дарко Илиевски кои инаку се студенти./Д.С