Во Свети Николе реката го урна мовчето пред населбата Долни ливади

Објавено на 7 февруари, 2015 во 15:40

Обилниот дожд што вчера заврна во градот придонесе да се зголеми протекот на вода на реката која минува низ периферијата на градот. Во неа се вливаат две мали реки во овој дел од Овче Поле, Периш и Мавровица. Брзиот водотек и зголемената количина на вода го предизвикаа уривањето на мовчето, преку реката, кое се користи за преминување на вработените од шумското стопанство како и жителите на населбата Долни ливади. Денеска локалната власт превзеде мерки за расчистување на коритото и за санирање на предизвиканата штета.

На фотографиите на Дуле Јанев се гледа состојбата со рекичката во  населбата Долни ливади од вчера вечер како и во текот на денешниот ден. /У.Ј

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.