Волонтерството не е само бесплатна работа, волонтерството креира и развива

Објавено на 7 декември, 2015 во 15:48

Рахела Симеонова Манева од Организацијата на жени на Свети Николе, добитник на Златниот волонтерски сертификат за 2008 година, Дејан Димитров носител на Сребрен волонтерски сертификат за 2011 година и Александар Богатинов добитник на Специјален волонтерски сертификат за долгогодишен волонтерски ангажман и придонес во развојот на локалната заедница во 2013 година се тројцата светиниколчани кои годинава учествуваа на првиот Национален форум на Цивика Мобилитас: „Граѓански ангажман и волонтерството “.

Форумот се одржа пред три дена во МКЦ во Скопје и беше организиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка. Со него се одбележа 5ти Декември – меѓународниот ден на волонтерската работа. Станува збор за одбележување на денот кога сите луѓе во светот без разлика на возраст, раса и култура го слават волонтирањето, се потсетуваат на суштината на волонтерската работа и си одаваат признанија.

Во скоп на форумот Младинскиот културен центар  од Битола по повод јубилејот 10 години додели Сертификати за волонтерски ангажман и направи репроспектива на десетгодишните  Национални волонтерски награди.

„Сертификатите се признанија, поточно благодарност за волонтерите, нивниот ангажман и придонес во развојот на локалната заедница,“ рече Златко Талески од МКЦ од Битола.

На крајот сите добитници на сретификатот, во изминатата деценија, заедно се фотографираа./Р.С.М

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.