По тресет години започна изградба на зграда за социјално ранливи категори во Свети Николе

Објавено на 31 јануари, 2020 во 22:48

zgrada fn

Зградата што денеска започна да се гради во населбата „Лозов расадник“ ќе биде дом за 48 лица од социјално ранливи категории. Таа треба да биде изградена за 1 месеци. Според министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, ако предвдените градежни работи течат според утврдената днамка вгодина, во април, зградата ќе може да ги прими станарите.

sugare fn

– Со задоволство можам да констатирам дека Владата е силно фокусирана на изградба на социјални станови и помагање на социјално ранливите категории. Тоа го работиме во континуитет што го докажавме и минатата година. Има пресвртница, во делот на она што до пред неколку години се правеше и она што сега е Владина политика, рече Сугарески.

Со донесувањето на новиот Детален урбанистички план на Свети Николе се очекува да се забрза динамиката на градење во градот. Според Градоначалникот Сашо Велковски со изградбата на оваа зграда се решава проблемот на социјално ранливите семејства, кои добиваат и современи услови за домување.

saso

-Верувам дека наредната година ранливите категории од Општина Свети Николе ќе можат да конкурираат за добивање на овие социјални станови, рече Велковски.

Распределбата на становите ќе биде на ист начин како и досега, рече директорот на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски.

drektor

-Становите се со површина од 34 до 46 метри квадратни, а како акционерско друштво остануваме посветени во текот на годината да се почне и изградбата на останатите социјални згради во другте градови, кои се предвидени според годнашната програма, додаде Трајковски.

skopzgrada

Државата за изградба на нови социјални згради проектирала околу 10 милиони евра./М.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.