Откажан и Меѓународниот фестивал на изворен фолклор „Тодорица” во Свети Николе

Објавено на 5 март, 2020 во 15:39

todorica fin

Поради препораките на Министерството за здравство за превенција од корона вирусот нема да се одржи традиционалниот Меѓународниот фестивал на изворен фолклор „Тодорица” во Свети Николе.

Иако на фестивалот беше најавено присуство на 16 фолклорни ансамбли од земјава, од Србија, Црна Гора и од Бугарија од безбедносни по здравјето причини, како на учесниците така и на домаќините, манифестацијата нема да се одржи.

– На 7 март и годинава требаше да се одржи традиционалниот фестивал „Тодорица” во чиј состав е и панаѓурот. Согласно препораките на Министерството за здравство поради превенција од корона вирусот фестивалот нема да се одржи, рече градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски.
Според организаторите на манифестацијата требаше да присуствуваат околу 400 учесници, кои се членови на фолклорните ансамбли.
Традиционалниот фестивал „Тодорица“ во Свети Николе се одржува над 20 години./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.