Откриени 25 мигранти во возило кај Свети Николе
Објавено на 20 март, 2020 во 12:34
Дваесет и пет мигранти од Авганистан и Пакистан биле пронајдени при рутинска контрола на возило кај Свети Николе.
„Ноќеска околу еден часот по полноќ кај село Преод, Свети Николе, од полициски службеници било сопрено патничко возило „опел виваро”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(24) од Скопје, во кое сопатничка била М.И.(20) од Скопје. При извршениот преглед пронајдени биле 25 мигранти од Авганистан и Пакистан. Сите биле приведени и предадени на полициски службеници во Полициска станица Свети Николе за понатамошна постапка, пишува во соопштението на МВР.