Центарот за развој на Вардарски плански регион распиша јавна набавка за проект во Домот за култура во Свети Николе

Објавено на 3 април, 2020 во 11:34

DomnakulturaSvetiNikole fin

Вардарски плански регион го распиша тендерот за јавна набавка за реализација на проектот „Изведба на систем за греење и климатизација на кино сала со помошни простории“ при Домот на култура „Крсте Мисирков“ во Свети Николе. Вредноста на инвестицијата изнесува 100.000 евра. Финансиските средства се обезбедени од Бирото за регионален развој.

Сите понудувачи своите понуди можат да ги достават до 16 април, годинава,на адресата на Центарот за развој на Вардарски плански регион, поточно, улица „Шефки Сали“ бр. 4 во Велес.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски вели дека се решава суштински проблем за еден од поголемите објекти во сопственост на општината. .

Velkovski fin

-Со ова го решаваме конечно горчливиот проблем за затоплување на кино салата и нејзина климатизација и отвараме можност за користење на истата во сите временски услови во текот на целата година. Оваа го ветивме на нашите сограѓани, дојде редот да го реализираме, додаде Велковски.

Станува збор за инвестиција во објект што се наоѓа во центарот на Свети Николе и поради капацитетот за седење во сала со бина и публика е многу посетуван како во градот така и во општината./У.Ј

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.