Светиниколските фабрики „Мода” и „Кемтекс” ќе бидат затворени до понеделник
17.07.2020
По одлуката на раководството на двете конфекции, досегашниот скрининг во „Мода” и „Кемтекс”, откри нови 30 работници заразени со коронавирусот. Петнаесет беа откриени пред почетокот на масовното тестирање. Вкупниот број засега изнесува 45 работници.
Според директорот Ангел Димитров донесена е правилна одлука поради тоа што бил висок процентот на откриени асимптоматски случаи помеѓу вработените.
-Добро е што од нашите две фабрики 80 отсто од позитивните случаи се асимптоматски, доколку не го направевме скринигот заразата ќе се ширела во погоните. Во моментов чекаме резултати за 90 работници, додаде Димитров.
Епидемијата од коронавирус што влезе и во овие две конфекции во Свети Николе ќе влијае врз работата на компаниите. Проценките се однесуваат на 14 дневно пролонгирање на испораката на производите кон партнерите со кои соработуваат двете конфекции. Рокот од 31 јули ќе мора да се помести за средината на месец август, годинава за што не ќе мора да се платат казнени пенали./У.Ј