Комплетно завршена новата фасада на ООУ „Кирил и Методиј“ во Свети Николе
Објавено на 19 август, 2020 во 13:10
19.08.2020
Изведена е фасадата и во делот каде што се наоѓаат тоалетите на училишната зграда на ООУ ,,Кирил и Методиј “ Свети Николе. Градежните работници ја завршија термофасадата од акрилен абрибт под која беше поставена изолација од стиропорни табли. Со тоа се дозаврши заштитата и надворешниот изглед на училишниот објект.
-Постигнато е високо ниво на енергетска ефикасност и во овој дел на зградата, рече градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски.
Пред започнување на новата учебна година, во која настава во услови на Ковид- 19 ќе се изведува за учениците од прво, второ и трето одделение, токму овие ученици ќе ги почувствуваат првите придобивки на инвестицијата.
Проектот го реализираше Општина Свети Николе./У.Ј