На светиниколските ергени, над 40 години, општината им дава по 500 евра ако се оженат!
Објавено на 31 јануари, 2014 во 15:04
Советот на Свети Николе донесе одлука на неоженетите мажи над 40 години кои ќе одлучат да стапат во брак да им додели по 30.000 денари. Градоначалникот на Свети Николе, Зоран Тасев вели дека одлуката треба да стапи во сила од утре, 1 февруари.
– Во селата низ Светиниколско имаме околу 600 ергени, од кои во неколку села има по 15 или 20, вели Тасев.
Тој додава дека на овој начин ќе ги мотивираат мажите над 40 години кои се уште немаат склучено брак да си најдат невеста, а се очекува и да се зголеми наталитетот во општината.
Тасев се надева дека оваа подршка од општината ќе ги мотивира неоженетите над 40 години да стапат во брак.