СВР Велес: При контрола, во пет локали, нарушен е јавниот ред и мир со гласна музика
Објавено на 11 јули, 2023 во 09:08
Полициски службеници на СВР Велес, во угостителски објекти на подрачјето на Велес и Кавадарци, спроведоа шест часовна акциска контрола во рамки на кампањата „Безбедно лето 2023“. Тие, проверуваа дали има присуството на малолетници по објектите по полноќ, точење на алкохол на малолетниците и нарушувањето на јавниот ред и мир со гласна музика.
-Во рамки на контролата откриени се пет нарушувања на јавниот ред и мир со гласна музика и по извршено мерење со уред фонометар констатирано е дека јачината на музиката е над дозволената законска граница, додадоа од МВР.
За сите констатирани неправилности на прекршителите ќе им бидат изречени соодветни санкции.
Дума.мк