СВР Велес: Приведен крадец, пријавени и тепачки, една помеѓу малолетници, друга помеѓу две велешанки
Сектор за внатрешни работи Велес информира дека во Полициска станица Велес вчера биле пријавени три физички напади и било прибедено едно лице поради кражба.
Четириесет и четири годишната Ј.Ш од Велес, во полициска станица пријавила дека по вербална расправија била физички нападната од Ј.Ш 34 години.
Истиот ден, било пријавено и дека на улица „8 Септември“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две велешанки, поточно триесет и девет годишната М.Ј и четири години помладата Џ.К.
Во 19:30 часот, во полициска станица триесет и четири годишниот Ј.Ш пријавил дека околу 11:30 часот неговиот малолетен син бил физички нападнат од други дваја малолетници, по што бил известен и Центарот за социјали работи Велес.
-За првиот настан, по документирање на случајот против Ј.Ш ќе биде поднесена соодветна пријава, додека кај велешанките по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Велес.
Полициските службеници од СВР Велес, истиот ден, го лишеле од слобода и триесет и девет годишниот велешанец Е.Ј. Тој се сомничи дека претходно од домот на седумдесет и едно годишниот Ќ.В украл повеќе предмети.
-Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. Е.Ј. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Велес.
Стефани Манева