СВР Велес: Приведени двајца криумчари на мигранти, поднесена кривична пријава
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, ги лишеле од слобода дваесет годишниот П.М и две години постариот З.М од Гевгелија. Се сомнева дека тие со возило „ауди а8“ со февгелиски регистарски ознаки, превезувале четири лица мигранти од кои тројца од Пакистан и едно лице од Сирија.
-Во 18.20 часот на регионалниот пат Р1102, возилото било запрено за контрола,
двете лица избегале, а во возилото биле пронајдени мигрантите, кои биле сместени во
Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. Набргу, по преземени мерки и по
пребарување на теренот биле пронајдени и лишени од слобода П.М. и З.М, соопштија од СВР Велес.
Двајцата гевгеличани биле приведени во Полициска станица Велес и по дадени насоки од Јавен обвинител против нив била поднесена кривична пријава по итна постапка по член 418 од Кривичниот законик.
Стефани Манева