СВР Велес: Син ги малтретирал своите родители, пријавени две тепачки, во една учествувал и малолетник

Објавено на 8 февруари, 2024 во 16:21

Четириесет и едно годишниот Д.Н од Велес, физички и психички ги малтретирал своите родите, подолг временски период.

-На 07.02.2024 во 12.30 часот во СВР Велес, 72-годишен маж и 70-годишна жена од Велес
пријавиле дека подолг временски период биле физички и психички малтретирани од нивниот
син Д.Н.(41) од Велес. За настанот бил известен јавен обвинител и Центарот за социјални
работи Велес, а по издадено решение од Основен суд Велес Д.Н. е однесен во здравствена
установа на задолжително лекување, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.

Во Полициска станица Велес шеесет и две годишниот Б.И пријабил дека на 6ти февруари, на улица „Орце Мартинов“ во Велес, по кратка расправија бил физички нападнат од К.М од Велес.

Исто така, било пријавено и дека на улица „Шефки Сали“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу деветнаесет годишниот А.С и малолетник, двајцата од Велес.

-Во присуство на родител извршен е службен разговор со малолетното лице. По документирање на настанот против А.С. и малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.