СВР Велес со апел до возачите на трактори поради зголемениот број на сообраќајни незгоди
Со отпочнатата берба на грозје како и зголемените активности по лозовите насади и други земјоделски култури се зголемува учеството во сообраќај на земјоделската механизација најчесто трактори и приколки. Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштуваат дека евидентирани се повеќе сообраќајни незгоди во кои учесници и причинители на истите се токму оваа категорија на возила.
-Отсекот за превенција при СВР Велес упатува апел до сопствениците и возачите на
трактори и друга земјоделска механизација, пред да ги вклучат возилата во јавен сообраќај,
да ги доведат во технички исправна состојба, односно да се технички исправни во поглед на
системот за кочење и сигнализацијата т.е. да се пропишано осветлени, да бидат
регистрирани, а возачите да поседуваат важечка возачка, се со цел поголема безбедност на
сите учесници во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајните незгоди, пишува во апелот на СВР Велес.
Оттаму додаваат дека од страна на Отсекот за превенција на секторот и понатаму ќе продолжат со превенирање преку реализирање на сообраќајно – воспитни акции кон овие возачи а додека од страна на Полицискисте станици и Одделенија за безбедност на патниот сообраќај ќе се санкционираат возачите кои и понатаму нема да ги почитуваат предвидените законски прописи.
Дума.мк