СВР Велес: Во текот на вчерашниот ден пријавени физички напади во Велес, Неготино и Кавадарци
Сектор за внатрешни работи Велес, во дневниот билтен известува за четири пријавени физички напади во текот на вчерашниот ден.
Дваесет и четири годишниот велешанец Н.Т во 16:20 часот пријавил дела по претходна расправија во неговиот дом бил физички нападнат од В.М.
Во Одделение за внатрешни работи Неготино, четириесет и две годишниот А.Д од Гевгелија пријавил дека на работното место во пекара во Неготино бил физички нападнат од Р.М и две женски лица Е.М и Н.М.
Дваесет и седум годишниот кавадарчанец И.Л во Одделение за внатрешни работи Кавадарци пријавил дека во парк во градот бил физички нападнат од Д.С од Кавадарци. Исто така, педесет и две годишниот Г.Т пријавил дека во близина на кавадарчеко училиште неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно машко лице.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи.
Дума.мк