Татко од Велес побарал помош од полиција да ја најде малолетната ќерка и Неготинец пријавил каснување од бездомно куче

Објавено на 2 јануари, 2024 во 16:04

Четириесет и три годишен велешанец, вчера вечер, во 20:00 часот пријавил во Полициска станица Велес дека четири часа претходно неговата малолетна ќерка излегла од нивниот дом  и не се вратила. Таткото претпоставува дека малолетничката заминала во Прилеп кај нејзиното момче.

-Се преземаат мерки за пронаоѓање на пријавеното лице кое е малолетно, рече портпаролката Биљана Ѓаковска на Сектор за внатрешни работи Велес.

Според полицијата во вчерашниот ден поточно во попладневните часови се случило и едно каснување од бездомно куче во Неготино. Пријавата ја поднел Н.Т (76) од Неготино како и дека каснувањето бил каснат од бездомното куче на ул:„ Маршал Тито“ во Неготино.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.