Тешка сообраќајна несреќа кај Демир Капија со загинат возач
Објавено на 12 ноември, 2024 во 11:31
Сообраќајната несреќа се случила вчера, доцна попладне, околу 18.40 часот, на автопатот Демир Капија – Гевгелија, после првиот тунел кај Демир Капија. Во сообраќајката учествувало товарно возило марка „ман“ со приколка, со скопски регистарски ознаки, управувано од З.К.(54) од с.Инџиково, скопско. Возилото удрило во заштитната ограда на автопатот и на местото на настанот починал возачот.
-Лекар од Итна медицинска помош ја констатирал смртта на возачот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Одделение за внатрешни работи Неготино. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на на обдукција, соопшти Биљана Ѓаковска, портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Дума.мк