Тешко повреден маж во сообраќајка на запрежно и патничко возило на патот Велес – Извор

Објавено на 9 мај, 2024 во 14:05

Тешко повреден е Л.Ц.(64) од село Извор, општина Чашка, кој бил на запрежното возило. Во сообраќајката учествувало и патничко возило „цитроен саксо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.М.(44) од Велес . Повредениот маж се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Велес.

Несреќата се случила вчера вечер, околу 20:10 часот на регионалниот пат Велес–село Извор. Тогаш била пријавена во СВР Велес. На местото на несреќата извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.