Тешко повреден мотоциклист од Велес со сопатник во незгода кај Сарамзалино

Објавено на 22 август, 2023 во 14:49

Педесет и едно годишниот велешанец Е.П и триесет и девет годишниот Р.С од Скопје се тешко повредени во сообраќајна незгода којашто се случила вчера, кај село Сарамзалино. Велешанецот управувајќи мотоцикл „кавасаки“ изгубил контрола и излетал од коловозот на магистралниот пат Велес- Штип. Со возило на Итна медицинска помош Свети Николе биле пренесени во велешка болница каде им биле констатирани повеќе скршеници.

-Пациентите се примени на Хирушко одделение во велешка болница, прегледани се и направени се потребни снимања. Нивната здравствена состојба е следена во текот на целата ноќ. Рано утринава, поради сериозноста на здобиените повреди, повеќе скршеници кај двајцата пациенти, транспортирани се на доиследување во Ургентен хирушки центар во Скопје, рече портпаролката на велешка болница, др Елена Левкова Ќулумова.

Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека сообраќајната незгода во Сектор за внатрешни работи Штип била пријавена вчера, во 18:00 часот и на местото бил извршен увид од увидна екипа.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.