„The New York Times“ објави приказна за виолините изградени од велешкото семејство Богдановски со наслов „Потрага на совршен звук“
Приказната за македонските градители на виолини, семејството Богдановски од Велес, е пренесена на американскиот континент. Ја раскажа влијателниот американски медиум „The New York Times“ притоа давајќи светска димензија и промоција како на познатите градители така и на градот Велес и државата Македонија.
„За секоја виолина се користи неколку видови дрво, внимателно одбрани поради нивната мекост или цврстина и докажани акустични квалитети. „Сè започнува со дрвото“, вели Богдановски. „Дрвото што го користам доаѓа само од Босна – смрека за горната плоча на виолината и јавор за задната плоча, вратот, свитокот и ребрата“.
На секој инструмент му требаат околу 30 дена за да се заврши – но, вели Богдановски, „Тоа не значи дека е готов“. Откако ја заврши рачната работа, градителот потоа го доближи увото до виолината за да ја усоврши работата.
Богдановски ги започна своите творечки определби како сликар, тврдејќи дека може да ги „слуша“ боите на неговото платно. Кога неговиот син покажал интерес да свири виолина, Богдановски се обидел да направи подобар инструмент отколку што можел да си дозволи, започнувајќи го она што би станало доживотна потрага да создаде „совршен звук“ кој зборува за квалитет и вистина.
„Никогаш не сум се грижел навистина да градам виолини – звукот што го прават ми е важен“, вели тој. „Кога го создавам инструментот, го создавам звукот. Кога мислам дека сум 90 проценти до постигнување совршенство, застанувам и ги оставам другите 10 проценти на природата за да може да ме изненади“.
Препознавањето на тој момент за него е „суптилна појава“, родена од инстинкт и тренирано уво: „Јас ја користам само мојата имагинација и уметничка интуиција, а звукот ги наоѓа и ги поврзува вистинските играчи. Тој звук е подарен само на оние кои можат да го видат и да го создадат“.
За експерти како Богдановски, мајсторството на чист звук е бескрајна потрага по квалитет. Овде, тројца експерти кои работат во музиката и аудио технологијата споделуваат што значи одличен звук за нив и како им помагаат на луѓето да го слушнат на автентичен начин,“ пишува во лидот на приказната „The New Jork Times“
Приказната вреди да се прочита на следниот линк https://www.nytimes.com/…/the-pursuit-of-perfect-sound…
Убавка Јаневска