Велешкото „Коле Неделковски“ и кумановското „Наце Буѓони” засадија 150 борови на езеро „Подлес“ во Градско (видео и фото)

Објавено на 9 мај, 2025 во 13:40

Проектот за „Меѓуетничка интеграција на младите во образованието“ во којшто освен ученици вклучени се наставници и родители од двете средни училишта ДСУ РЦСОО”Коле Неделковски” – Велес и ОСТУ “Наце Буѓони” – Куманово беше повод за еднодневната заедничка еко акција.

 

Учениците прво го посетија езеро „Подлес“ во Општина Градско за да засадат сто педесет борови садници на опожарените делови на езерските брегови.

По еколошката акција следна беше посетата на манастирот „Св. Архангел Михаил“ којшто се наоѓа во близина на село Чичево каде се реализираа две предвидени проектни активности поточно Ликовна работилница и презентација на творбите од објавениот литературниот конкурс, на двете партнер училишта, на тема: „Природата како огледало на човечката душа“.

Дел од учениците, исто така, реализираа кратка планинарска тура на падините на Клепа.

„Учениците поминаа еден преубав ден во природа каде имаа можност да се дружат, учат и забавуваат,“ додадоа од велешкото државно средно училиште.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.