Тиквешијата добива советувалишен центар за помош на жртви од семејно насилство (видео)

Објавено на 23 март, 2022 во 15:51

За помалку од два месеца во Тиквешијата ќе започне со работа советувалишен центар за помош и поддршка на жртви на родово базирано и семејно насилство. Станува збор за прв ваков центар во земјава.

Денеска градоначалниците на Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија, претставници од Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство и Здружение за родова еднаквост Визија Кавадарци го потпишаа договорот за овој центар кој ќе им пружи услуги на жените и децата жртви на семејно насилство.  Советувалиштето ќе биде лоцирано во Општина Кавадарци.

Ангел Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.