Тоше Проески инспирација за ученици на Ликовна колонија во ОУРЦ „Маца Овчарова“ (фото)

Објавено на 2 декември, 2022 во 12:12
Фото: Меѓународна ликовна работилница во ОУРЦ „Маца Овчарова“

Ученици со попреченост и типичен развој од Велес, Македонија како и од Србија, Турција, Грција и Италија се дел од Меѓународна ликовна работилница којашто по 26-ти пат се одржува во велешкото училиште ОУРД „Маца Овчарова“. Учениците распоредени во повеќе простории, слушајќи ги тивко безвременските хитови на Тоше Проески, своите емоции со темперни бои ги пренесуваа на керамички плочки. Тие сликаа портрети на музичката икона или го боеа неговиот потпис.

Фото: Керамичка плочка со логото на Тоше Проески

Фото: Директорка на ОУРЦ „Маца Овчарова“ Мирјана Дамјановиќ

– Оваа годината одлучивме ликовната работилница да биде во чест на Тоше.  Денеска децата творат на керамички прозиводи бидејќи идеата е покрај инклузија да се даде впечаток и на она што е автентично на Велес, а тоа е керамиката. Се надевам дека дел од денешните декорации ќе останат како траен белег, рече директорката Мирјана Дамјановиќ.

Фото: Портрет на Тоше Проески на керамичка плочка

Фото: Боење на потписот на Тоше Проески на керамичка плочка

Сите 41 примерок на керамички плочки со потписот на Тоше училиштето ги подари на претставници на националната установа „Спомен куќа Тодор Проески“ во Крушево кои денеска беа гости во велешкото училиште. Директорката Левкија Гаџоска, рече дека оваа едногодишна соработка помеѓу двете институции колку и да звучи дека е кратка, за нив е многу значајна.

Фото: Директорката на училиштето со директорката на националната установа Левкија Гаџоска

– На оваа 26-та Ликовна колонија се роди идеа да се твори на тема Тоше Проески и симболите коишто на некој начин го претставуваат ликот и делото на познатиот музички уметник. Овде е вклучен и професорот по ликовна уметност Емил Солески. Станува збор за симболите какошто се гулаб, срце, неговиот потпис, нотни линии и пијано. Резултатот на оваа работилница е што децата се дружат, се инклузивни а се ова се прави преку неговиоте лик, музика и дела, додаде Гаџоска.

Фото: Нартан војник на керамичка плочка од страна на ученик

Инаку, годинава, гости на настанот повторно беа припадниците на АРМ – Обучен центар Велес кои ја донираа својата маренда на учениците од ова велешко училиште и од сопствени средства им обезбедија игровен материјал.

Фото: Донација од припадниците на АРМ

Донираните средства ги превзедоа волонтерите на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Велес заедно со припадниците на Армијата. Ним им се заблагодарија како учениците така и наставниот кадар на училиштето.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.