Тројца краделе и четврти крадец ги поттикнал да крадат грозје во Кавадарци,сите заработија кривични пријави
Одделението за внатрешни работи Кавадарци до Основно јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.В.(41), Н.В.(43) и Р.В.24) сите од Кавадарци кои краделе и против З.К.(64) од Кавадарци за поттикнување на крадците да крадат.
-Сите осомничени кражбата ја извршиле на 14 септември годинава кога полициски службеници од ОВР Кавадарци ги затекнале С.В., Н.В. и Р.В. како берат грозје од лозов насад во атар на село Возарци, кавадаречко, сопственост на Л.Р (54) од Кавадарци. Тогаш во возило комби „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, паркирано покрај насадот, и во редовите од насадот биле пронајдени 11 вреќи полни со грозје со вкупна тежина од околу 300 килограми, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
Според полицијата, осомничениот З.К. го сторил делото на тој начин што го поттикнал Н.В. да го изврши. Имено, тие се сретнале ден претходно кога му рекол да оди на лозовиот насад на сопственикот Л.Р и да го обере грозјето.
Дума.мк