Удрен 71 годишен пешак од автомобил кај „Семафорите“ во Велес, завршил во болница со тешки телесни повреди
Сообраќајната незгода се случила вчера вечер, околу 20:00 часот на крстосницата од улиците „Алексо Демниевски“, „Вардарска“ и „Наум Наумовски“ во Велес. Патничкото возило „фиат пунто“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(28) од Велес го удрило пешакот С.П.(71) од Велес.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес, соопшти портпаролката Биљана Ѓаковска на Сектор за внатрешни работи Велес.
Од Општа болница соопштија дека пациентот бил прегледан, снимен и резултатите покажале кои се здравствени услуги лекарите треба да му ги дадат.
-Пациентот со тешка телесна повреда, дислокација на рамо, е третиран од лекарите хирурзи и ортопеди. По санирање на повредите тој е пуштен на домашно лекување, рече д-р Билјана Босилкова.
Стефани Манева