Украдена кутијата за донации во Гостилница „БОЕМ“ (Видео)

Гостилница „БОЕМ“, утрово, преку својот фејсбук профил сподели видео на коешто се гледа како маж со капа и маска влегува во објектот и ја зема кутијата во којашто велешани донираат средства кои се користат за да се приготви топол оброк и да се даде на оние граѓани на коишто им е најпотребно.
-Утро со лоша вест . Мака мачиме со донации , со пари и храна за да исхраниме гладни усти , на оние на кои им е најпотребно. Мисијата ја продолжуваме и понатаму. Сакам да го поздравите дечкото ако го знаете и да го поканите на кафе и топол оброк. Ја скршил вратата од задната страна на гостилницата и главна цел му биле пари и материјални средства. Акцијата денес со бесплатно бело гравче продолжува по нормален тек, пишува во објавата на гостилница „БОЕМ“.
Во продолжение двете видеа објавени од страна на гостилница „БОЕМ“.
