Уште еден бегалец од затвор фатен, овој пат во Велес, и вратен на издржување на казната
Објавено: 28 ноември, 2024, во 11:24 часот
Во Велес, рано утринава, во 00:50 часот на улица „Благој Страчковски“ од страна на полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес од слободa бил лишен Д.Џ(35) од Кавадарци, кој бил баран по наредба од КПУ Затвор Гевгелија.
Осуденикот со помош на полицијата бил вратен во Казнено поправната институција.
Дума.мк



