Уште еден ден за пријава: Велешани ќе трчаат за Кочани, ќе трчаат за хуманост!

Секој заинтересиран граѓанин има време до утре, 20 мај, да се пријави за учество на хуманитарната трка во Велес, која е дел од трката „СИТЕ ЗА КОЧАНИ ‒ ТРЧАМЕ ЗАЕДНО!“, организирани по повод Денот на Европа од страна на сите „Europe House“ во државата. Целта е едноставна, но моќна – заеднички да се соберат средства за поддршка на жртвите од трагичните настани во Кочани.
Оваа година, на 25 мај, истовремено ќе се одржат седум трки во седум различни градови низ државата – сите со една заедничка цел: солидарност и хуманост.
Трката во Велес ќе започне и ќе заврши на влезот на стадионот во Градскиот парк, а патеката ќе биде долга 5 километри, стартот е закажан за 10:00 часот.
Сите средства собрани од котизациите ќе бидат донирани на Црвениот крст и наменети за оние на кои им е најпотребна помош.
Без разлика дали сте рекреативци, спортисти или професионални тркачи, млади или возрасни, ова е вашата можност да дадете придонес и да трчате со срце. Придружете се на овој хуманитарен настан и покажете дека заедно можеме повеќе.
Стефани Манева
