Утревечер традиционално осмо искачување на ридот Св.Илија
По повод големиот Македонски празник Илинден, 2 август, традиционално Планинарски дом Чеплес организира осмо ноќно искачување на ридот Свети Илија на 565 мнв и посета на истоимениот манастир. Како и секоја година, ноќното искачување започнува ден пред празникот, поточно на 1 август, по повод славата на манастирот којшто се наоѓа од другата страна на ридот.
-На 01 август, во вторник, во 19:00 часот се собираме сите учесници на Плоштад С’рмаале во Велес. Тргнувањето е во колона кон ридот преку “Стар мост”, Св. Богородица па до Св. Спас.Пауза правиме пред успонот на ридот над Црквата Св. Спас и мало освежување. Потоа имаме искачување до врвот, мала пауза за освежување и спуштање до Манастирот.Таму имаме разглед на манастирот а потоа се враќаме кон Велес, соопштија организаторите.
Патеката е прилагодена како за возрасни така и за деца. Нејзината должина е околу 3 км. Секој учесник одговара за својата психичка и физичка подготвеност и должен е да ги почитува сите правила. Исто така, со себе треба да носи светилка или челна ламба, долги панталони, јакна против ветар, шушкавец или полар и 1,5л вода.
Сите заинтересира граѓани коишто сакаат да бидат дел од осмото ноќно искачување на ридот Св. Илија потребо е да ги исконтактираат Драган на мобилниот телефон 070/375-181 и Павел на 070/395-188.
Стефани Манева