Вандали го сардисаа езерцето во централен градски парк во Велес
Сите грнчарски производи искршени на ситни делови ги пронајдоа утринава работниците на сектор Паркови и зеленило на ЈКП „Дервен“. Грнчарските производи беа дел од декоративните украси кај дрвеното мовче во близина на езерцето што граѓаните на Велес и особено децата го посетуваат во голем број откако пред само седум месеци беше направено од страна на Општина Велес .Вандализмот се случил ноќеска велат од велешкото комунално претпријатие.
-За жал вандализмот е честа појава во градот во кој се уништува урбана опрема, клупи, лулашки, корпи за отпадоци и слично. Ова е последен во серија што претходно се случи. Затоа апелираме до граѓаните да покажат повисока граѓанска свест за заштита на животната средина, на урбаната опрема, декоративни елементи затоа што се е купено од нивни пари и треба да им биде на располагање на сите ним, рече портпаролката Тодорка Пенкова.
Пред шест месеци ваква глетка прикажуваа грнчарските производи, употребени како декоративни украси.
Поради висината на цената на сторената штета вандализмот врз искршените грнчарски производи не можел да се пријави во Полициската станица на СВР Велес. Без разлика што е дел од проект за новоизграден и оплемент дел од централниот градски парк.
Убавка Јаневска