Вчера избувнал пожар позади ридот Св. Илија, во опасност биле околните викендици
Објавено на 17 јули, 2024 во 11:28
Позади ридот Св. Илија вчера била запалена сува трева. Територијална противпожарна единица Велес добила повик бо 15:45 часот по што со едно противпожарно возило и тројца пожарникари се упатиле на лице место каде го затекнале пожарот во развиена фаза.
-Поради опасноста за околните викендици побарано е помош од 2 противпожарни возила и 5 пожарникари спасители, објаснуваат од ТППЕ Велес.
Оттаму додаваат дека со брзото пристигнување како и брзата интервенција пожарот е ставен под контрола и целосно ликвидиран со што викенд куќите се целосно спасени.
Дума.мк