Големите, Ѕвезда и Фенербахче, го бараат младиот фудбалер Енис Фазловиќ
Има дванаесет години, но веќе е со големи планови.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=gOR8TdAb9R8&feature=plcp|500|400|0{/youtube} На младиот фудбалер Енис Фазловиќ сон му е да игра за „Реал Мадрид“ , рамо до рамо со неговиот идол Месут Озил, но сепак своите почетоци ги гледа и во други клубови. Веќе е на мета на две големи клубски имиња „Црвена ѕвезда“ и „Фенербахче“.
“Сакам да играм за „Црвена ѕвезда“ , а пред дваесетина дена бев на проба и во “Фенербахче“. Таму убаво си поминав, тренирав напорно и можеби наскоро ќе бидам таму“ вели Енис Фазловиќ.
Сега Енис е дел од тимот на „Фудбалска школа – Велес“. За да стигне до клубовите кои го бараат засега постојат административни пречки за кои од школата се надеваат дека за брзо време ќе се надминат.
“За него ова значи многу, меѓутоа неизвесно е како понатаму ќе се одвива работата. Најверојатно ќе тактизираме додека да го заврши осмото одделение, а потоа заедно со родителите и со заинтересираните клубови ќе одлучиме во која средина ќе ја продолжи својата фудбалска кариера“ вели Трајче Ковачев, тренер на Енис.
За Енис веќе се заинтересирале и домашни клубови како „Работнички“, а школата го позајмувала како засилување во „Академија Ќумбев“ за настапи на меѓународни турнири.
Според познавачите речиси сите европски големи клубови имаат свои агенти кои доаѓаат на меѓународни турнири. Тие ја скенираат играта и во своите редови ги земаат најуспешните млади таленти.
Во школата се горди што го имаат Енис бидејќи е клучен играч на сите меѓународни натпреварувања истакнувајќи се на позицијата средишен играч со добри напаѓачки способности.
Но, освен на теренот Енис е одличен и во училишните клупи. И покрај напорните тренинзи приоритет му е учењето.
“Не е многу тешко, кога се сака се се може“ вели Фазловиќ.
Откако знае за себе го сака фудбалот, но започнал да тренира од 6 години. Сега Енис се надева дека ќе си го оствари сонот да стане добар фудбалер и со многу победи да се впише во списокот на успешните велешани кои и донеле слава на сопствената земја.