Велешанец недозволено чувал куршуми дома!
Објавено на 17 декември, 2012 во 14:30
Полицијата откри вкупно 286 куршуми во домот на В.П. (63) од Велес.
По претходни информации инспекторите добиле дозвола за претрес во домот и помошните простории на велешанецот и влегле кај него. Освен куршумите кои биле пакувани во кутии најдени се и 8,1 метар спорогоречки пластифициран фитил. Поради ова секторот за внатрешни работи до обвинителството поднесе кривична пријава за „Недозволено изработување, држење и тргување на оружје или распрскувачки материи.