Хуманитарна претстава ,,Последниот лет за Европа,,!
Парите од продадените билети ќе ги добие сиромашен студент!
,Јас сум Македонка Ивановска патувам за Европа во овој авион во втора класа и мечтаам за подобар живот, но имам име, имам идентитет и свое достоинство, а Европа е нашиот дом,,! Ова е монолог на актер аматер во претставата ,,Последниот лет за Европа,, што синоќа ја изведоа учениците од средното економскио училиште Јовче Тесличков.
На претставата Фондација Фокус и даде хуманитарна цел и на тој начин се обиде да прибере сретства во постоечкиот фонд за поддршка преку кој две години наназад се покрива партиципацијата за упис на студенти од социјално немоќни семејства од Велес, Градско, Лозово и Чашка.
Ученици , студенти и граѓани беа синоќа публика на прикажувањето на преставата. Влезниците по симболична цена експресно се продадоа, рекоа од Фокус.
,,Благодарност до сите кои ја покажаа својата хуманост и кои донираа во фондот за поддршка на фондација Фокус. Наредната година ќе биде трета кога ќе се запише некој од најуспешните матуранти. Ова го правиме со цел да ја намалиме нивната грижа со уписот на високо образовната институција и да им помогнеме да го остварат својот сон,“ рече Весна Шкортова, извршна директорка на Фондација Фокус.
Претставата ,,Последниот лет за Европа,, ја проследија околку 200 присутни во салата Бели Мугри видно задоволни од изведбата на актерите аматери и препорачаа да ја проследат што повеќе граѓани бидејќи обработува сериозна тема од македонското секојдневие.