Почина археологот што ја пронајде окарината во локалитетот Мрамор!

Објавено на 21 јануари, 2013 во 23:56

Велешанката Трајанка Јовчевска, археолог на велешкиот Народен Музеј, почина на 53 годишна возраст и по кратко боледување.

Таа го пронајде над шест илјади години стариот музејски ескпонат окарина. Музичкиот инструмент е со непроценлива вредност во светски рамки.

 

Јовчевска, глинена флејта – окарина, ја откри при археолошките истражувања во археолошкиот локалитет Мрамор. На овој инструмент свиреше музичарот  Драган Даутовски.

Јовчевска зад себе остави значајни трудови за енеолитстка куќа ,,Кале,, и некрополата од доцното бронзено железно време ,,Манастир,,.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.