Од новиот театар до пошта ќе се вози двонасочно!
Иницијативата ја помина првата фаза за промената на сообраќајниот режим.
Измена на еднонасочниот сообраќаен режим излгасаа едногласно власта и опозицијата во велешкиот совет. Одлучија на потегот од новиот театар до поштата да се вози двонасочно, наместо досегашниот еднонасочен режим. За оваа цел проектантската куќа ЗУМ Проект од Скопје изработи студија која го осмисли режимот.
„Велес има нови потреби кои настануваат на уличната мрежа со изградбата на новите културни и здравствени институции и пристапот до нив. Тие ќе се задоволат со воведување сообраќаен режим со нови сообраќајни решенија на уличната мрежа“, пишува во образложението на иницијативата.
Во студијата исто така е предвидено да се изгради улица која ќе минува крај зградата на новииот театар и ќе ги спојува двете досегашни еднонасочни улици. Според локалната власт моменталната слика во сообраќајот е загрижувачка и од таму признаваат дека нема доволно паркинг места, намален е капацитетот на крстосниците, а зголемен е бројот на возила.
Овој план за да се реализира општината ќе мора да изготви проект, па да добие дозвола од Министерство за внатрешни, па потоа да го реализира планот. Инаку досегашниот еднонасочен режим беше воведен пред дванаесет години. Општината пред половина година најавуваше големи промени во сообраќајот во градот, но ова е прв конкретен чекор за само мал дел од она што беше најавено.