Емилија Андовска е новиот претседател на општинската изборна комисија во Велес!
Таа доаѓа на местото на Васка Левкова која замина во пензија, а и покрај укажувањата од септември ДИК не најде време да именува нов претседател.
Општинската изборна комисија во Велес конечно доби претседател.
Емилија Андовска вработена во Министерството за образование е на чело на комисијата која е надлежна за да ги спроведува локалните избори на територијата на општината.
Таа доаѓа на местото на Васка Левкова од Бирото за вработување која замина во пензија.
Комисијата доби и уште еден нов член на местото на пензионираната Васка Коциќ, а тоа е Лили Велковска која е вработена во Општина Велес.
Останатите членови нивни заменици и потпредседателот Љупче Андреевски остануваат исти од претходните парламентарни избори.
Инаку комисијата се комплетираше на 24 јануари и од тогаш се подготвува за нормално функционирање.
Сепак засега ДИК не и обезбедила просторија, телефон, комјутери и интернет, па сместена е во општинската зграда.
Надлежна е за 73 избирачки места во Велес.
Составот на избирачките одбори кои ги спроведуваат гласањето на избирачките кутии, од комисијата велат ќе биде познат после 5 ти февруари, кога имињата ќе бидат избирани по случаен избор од администрацијата, а изборот ќе се довива во седиштето на ДИК во Скопје.
Инаку според првичните изјави од општинската изборна комисија, до сега ниту една партија или независен кандидат не ја доставил својата кандидатура за градоначалник на Велес, а нема пристигнато ниту предлог листа за членови во општинскиот совет.
Партиите и независните кандидати со собрани потписи од граѓани, ова можат да го сторат до 16 – ти февруари годинава, на 35 дена до изборниот 24 март.