Опозицијата создава вештачка криза во Македонија!
За бојкотот на опозицијата и обидите на власта да најде решение и излез од кризата денеска свои ставови соопштија четворица млади велешани, поддржувачи на иницијативата „Фронт на народот, фронт за Македонија“.
Анализирајќи го политичкиот амбиент во државата во изминатиот месец или по настаните од 24 декември во Собранието, дипломираниот електро инжинер Дејан Тошевски, рече дека опозицијата вештачки создава криза во државата.
„Опозицијата на суптилен начин ги одби сите можни начини за пронаоѓање на решение. Прво покажа не конструктивност на 21 јануари по повикот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски да се врати во парламентот и да го прекине бојкотот. Јас како граѓанин сум засегнат и од неодговорното однесување на Црвенковски кој по предлогот на господинот Груевски да одржат средба и да се обидат да ја решат кризата ја минираше средбата со ултиматум за одржување на локални и предвремени парламентарни изабори. А што ќе постигнеме со тоа. Јас како граѓанин сум иритиран од тоа. И досега одржувавме повеќе пати предвремени парламентарни избори и што ако повторно ги одржиме, до кога ќе одиме така“ рече Тошевски.
Според дипломираниот правник Сашко Груевски постојат три причини зошто власта досега низ институциите на државата не успеала на сите можни начини, со предлози и иницијативи да го одблокира процесот на вештачки создадената криза од страна на Бранко Црвенковски и опозицијата.
„ Ако би се расветлиле сите овие настани од 24 декември тогаш која би била поентата на излегувањето на СДСМ на улица. Кога тие би се вратиле во Собранието тогаш би немало поента блокирањето на раскрсници од нивното членство. Второ, ако се расветлат нередите во и надвор од Собранието ќе пропадне и причината зошто социјалдемократите бараат предвремени избори. Ако не ги признаваат институциите тие значи се и за вонинституционално решение. Трето, со расчистувањето ќе паднат во вода и тезите дека Македонија нема институционален капацитет,“ рече Груевски.
Со одбивањето на предлогот на претседателот Ѓорге Иванов, СДСМ, уште еднаш оди против вољата на меѓународната заедница, смета дипломираниот правник Татјана Ташкова.
„Ваквото одбивање преставува уште едно спротивставување на меѓународните фактори од страна на нашата најголема опозициска партија. Тоа е исто со она што СДСМ го направи на почетокот на месецов кога спротивно од барањето на ЕУ за ставање на крај на конфронтациите таа продолжи со повикување на граѓаните на непослуштност, на протести, блокирање на раскрсници. И експертската јавност во овие постапки виде провокација за создавање на криза,“ рече Ташкова.
Предвремените парламентарни избори нема да и донесат добро ниту на државата ниту на народот, смета и дипломираниот актер Витанов.
„Само дијалогот и цивилизираното однесување можат да ни донесат решение. Ние можеме да не се сложуваме за многу работи, можеме да имаме дијаметрално спротивни гледишта но никако не смееме да влегуваме во жестоки конфликти кои ќе го натераат народот да не може да се идентификува како што сега се идентификува. Строгото делење по политичка основа и терање инат не ни носи добро“, рече Витанов.
Тој повика на одговорно однесување и побара секој граѓанин да сноси одговорност.