Се планира реконструкција на зградата на Радио Велес!
Во неа за брзо време треба да се смести Регионален бизнис центар, најавуваат властите.
Градежната документација е подготвена, денеска се разгледуваше по што ќе започне да се реконстуира зградата на поранешно Радио Велес. Со ова започнува реализацијата на идејата на Општина Велес, УНДП и Вардарски плански регион за создавање на Регионален бизнис центар кој ќе биде сместен во оваа зграда.
„Очекувам многу бргу да фиништира реконструкцијата иако конкретни рокови немаме. Се надевам дека за брзо време ќе го промовираме единствениот бизнис центар во земјава од ваков тим и ќе му служи на целиот Повардарски регион“, рече градоначалникот на Велес Горан Петров на денешниот состанок на економскиот совет.
Инаку на денешната седница на советот беше разгледувана само оваа точка. Петров пред почетокот потсети дека во тек е подготовката за собирање на податоци од фирмите од регионот за да се создаде регионален регистар. Посочи дека анкетните листови за собирање на податоците со кои нема да се задира во книговотственото работење на фирмите се изработени и останува само учениците од средните училишта да ги разделат по фирмите од девет општини во регионот.