Благојка Малинова веќе девет месеци е без покрив над глава!
Сопственичката на познатата куќа на Габерови, која целосно изгоре во пожар, бара помош од институциите. Привремено престојува кај сиромашното семејство Ахмедови.
Неизвесна е судбината на велешанката Благојка Малинова, на која пред девет месеци до темел и изгоре куќата во населбата Дворови. Студените зимски денови ги поминува во домот на семејството Ахмедови кои ја забележале како талка по улиците и ја згрижиле кај себе. Благодарна е за нивната хуманост, но 67 годишната жена не сака повеќе да биде товар на ова сиромашно семејство.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=TQgX2lyitro&feature=youtu.be{/youtube}
Тешко им е како не им е тешко и јас уште сум им капак на главата. Товар сум им и јас, знаете како е шест деца да се има, дали да мислат за нив за јадење и за облека, дали за мене. Општината ако може нешто да ми помогне, хумани луѓе ако има само сакам една соба да си направам, да има кај да живеам“, рече Благојка Малинова
Без храна, облека и покрив над главата беше Благојка кога ја затекнавме како спие на скалите пред нашата куќа раскажуваат домаќините. Во пожарот од плинска боца кој се случи во мај минатата година со куќата меѓу велешани позната како на Габерови на Благојка и изгоре буквално се што имаше. Сега и Ахмедови бараат помош за неа.
„Да ви кажам многу е тешко, според дијагнозата што ја има мора да се внимава околу лекарствата, треба да се дежура ноќе и дење, а јас имам и шест деца. Треба само да се сака да се помогне, може и само со убав збор, но се разбира секој што може нека и помогне на оваа жена“, рече Мерхие Ахмедова.
Кога експлодираше плинската боца која го предизвика пожарот Благојка беше пресреќна што преживеа. Сега после девет месеци се соочува и со тужба од двете семејства чии домови ги зафати пожарот. Од малата пензија што ја зема голем дел оди за враќање на заостанат кредит, а остатокот за лекарства. Напуштена и од најблиските, поднела документи за социјален стан, но до сега одговор нема.